ФОТО: Вејн Руни ја објави првата фотографија од новородениот син

Фудбалерот на Манечстер Јунајтед Вејн Руни ја обрави првата фотографија од новородениот син Кит. Сопругата на фудбалерот Кулен (29) вчера се породи со нивниот трет син, а фудбалерот објави фотографија од бебето на Твитер.

Тој напиша под фотографијата: „Го сретнав Кит за прв пат. Време е да си одиме дома“.

Вејн е во брак со Кулен од 2008-мата година. Тие веќе имаат два сина заедно, двегодишниот Клеј и шестгодишниот Каи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.