
Стратешката команда на вооружените сили на Венецуела соопшти дека неутрализирала авион со американски ознаки кој го нарушил воздушниот простор на земјата.
Заедно со соопштението приложени се и фотографии од соборениот авион во пламен на кој се гледа и серискиот број. Според првичните податоци, се работи за приватен авион од марката „Хавкер 800“ кој вчера извел регистриран лет на територијата на Мексико.
Засега нема официјални информации за местото на инцидентот и состојбата на патниците и екипажот.
https://twitter.com/Libertad020/status/1280863374449000449?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1280863374449000449%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fpress24.mk%2Fvenecuela-sobori-amerikanski-avion-foto
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.