11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

(ФОТО) „Ѕверот“ го негува убавица – затоа холивудската ѕвезда се разведе по 38 години брак

Американскиот актер Рон Перлман (69) беше снимен минатиот викенд на романтичен одмор во мексиканско одморалиште со новата девојка Алисон Данбар (42).

Иако парот сè уште не ги потврдил гласините дека се во врска, на фотографиите Перлман и Данбар уживаат во опуштено дружење покрај базен.

Актерот најпознат по филмот „Hellboy“ и серијалот „Sons of Anarchy“ не ја крие својата возраст додека Алисон го мачка со крем за сончање.

Од главата до петиците, таа го му го намачка целото тело со кремот, па дури тогаш се погрижи за себе.

Двајцата актери ко-глумеа во ТВ сериите StartUp минатата година, а оваа пролет се шпекулираше дека се во врска  кога биле видени како се бакнуваат. Дури по страствените сцени, Рон Перлман објави дека се разведува од својата сопруга Опал Стоун, со кого беше во брак 38 години.