ФОТО/ ВИДЕО| Дали власта на СДСМ и ДУИ смислено предизвика меѓуетнички конфликт на протестите?

Реката народ која од кај Владата се движеше накај Министерството за надворешни работи на протестот „Ултиматум, не благодарам“ беше нападната од Албанци кај подвозникот на стоковната куќа Мост.

„Имаше само тројца полицајци кои не реагираа. Десетина Албанци фрлаа со камења кон демонстрантите“, велат протестантите.

„Со оружје и со шишиња беа пречекани граѓаните кои маршираат против францускиот предлог веднаш по преминувањето под стоковната куќа „Мост““, објави Република.мк и додава: Група насилници од страната на плоштадот Скендер бег почна да фрла со шишиња кон демонстрантите, додека некои од нив се закануваа со пиштол во рака“.

Мирниот протест почна во 19:00 часот. Повторно пред Влада, за да продолжи преку МНР до Собрание.

-Да кажеме не на бугаразицијата. Не за полициските инфилтрати и не за полициското насилство. Да излеземе масовно и достоинствено, беше назначено во поканата за протетсот.

Веќе неколку дена голем број граѓани протестираат искажувајќи дека се против францускиот предлог.

Следете во живо што се случува на протестот:

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.