ФОТО+ВИДЕО: Едно лице загина во судир на акробатски авиони во Италија

83

Едно лице загина, а едно е повредено при судар на два акробатски авиони во близина на италијанскиот брег на Јадранско Море.

Како што соопштуваат италијанските власти, двете летала паднале во вода при што едниот пилот загинал, а другиот е повреден.

avioni_sudar_italija_2

Пожарникарската служба во Терамо наведе дека едниот авион се урнал до брегот на Торторета, централна Италија и пилотот набрзо бил спасен и хоспитализиран.

Пилотот Марио Ричи (47) е пронајден мртов под останките на авионот на околу два километра оддалеченост од брегот.

Другиот пилот Луиџи Вилмо Франчешети (43) принудно слетал на плажата и успеал да преживее. Тој е хоспитализиран само со помали повреди.  Во тек е истрага за несреќата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.