Во експлозија која одекнала во станбена зграда во центарот на Париз најмалку пет лица се повредени, а голем број на луѓе се евакуирани. На местото на настанот се наоѓаат пожарникари и амбулантни возила.
Причина за експлозијата најверојатно е истекување на гас, според „Франс инфо“. Според париската полиција најверојатно претходно во еден од становите избил пожар.
Почувствував како земјата се тресе и слушнав силна експлозија, и тогаш видов чад надвор. Има многу луѓе на улиците и можат да се слушнат сирените на амбулантните возила, изјави еден од очевидците.
#Explosion in #Paris pic.twitter.com/9j0TtOXZf6
— Rami Alnajjar ♞ (@veryFatcat) April 1, 2016