ФОТО/ВИДЕО: Граѓаните и соработниците од АНК се опростија од Мандела

Илјадници граѓани и соработниците од владејачкиот Африкански национален конгрес (АНК) му одадоа последна почит на големиот лидер пред неговите посмртни останки да бидат пренесени во родното Куну.

Војската го предаде ковчегот со посмртните останки на АНК на свечена церемонија, која во живо беше пренесувана на јужноафриканската телевизија.

 

Синоќа Си-Ен-Ен објави ексклузивно видео вокое го доловува домот на Мандела и неговата импресионираност од Куну, за која зборуваше неговото семејство.

                                                                                 Домот на Мандела

Во последниве три дена  додека кружење поворката со телото на тата Мадиба, како што јужноафрикансците го нарекуваа Мандела, од него се опростија милионо граѓани кои во негова чест пее стари песни од времето на апардхејтот.

Ковчегот попладне ќе биде упатен во Куну, каде Мандела растеше и живееше по напуштањето на политиката, а таму се погребани и неговите три деца.

Се очекува на утрешниот погреб да присуствуваат околу 4.000 луѓе.  . Во родното село се направени и последните подготовки.

Војската и полицијата патролираaт  низ селото, а работниците поставиле голем бел шатор кој може да прими пет  илјади луѓе. Пристапот е резервиран само за најблиските.

Авионот најпрво слетал во Мтате, каде што жителите му оддале последна почит на Мандела. Илјадници полицајци се распоредени на патот долг 35 километри меѓу Куну и Мтате.

Дел од патот кон води до домот на Мандела е затворен за сообраќај.

Медиумите објави фотографии од мажи, жени и деца кои со часови  чекаа во редици за да оддадат последна почит на Нелсон Мандела, исто како што чекаа во 1994 кога го избраа за претседател на Јужноафриканска република. Тоа е вистинска почит и љубов!