ФОТО/ ВИДЕО I Бајден воодушевен од големите мускули на камерманот!

Американскиот претседател Џо Бајден ги насмеа новинарите при прошетка со францускиот колега Емануел Макрон за време на самитот на Г20 на Бали.

Бајден, всушност, ги коментираше мускулите на еден снимател. На видеото кое се шири на интернет, не се гледа камерманот, но американскиот претседател го коментира неговиот бицепс…

– Овој човек има големи мускули. Се надевам дека сме на иста страна, рече на шега Бајден.

На тоа, некој му дофрли дека снимателот е Русин.

– Не ми е гајле кој е. Тој има навистина големи бицепси. Ние ги нарекуваме пиштоли, рече Бајден, допирајќи ги мускулите на човекот.

Од видеото може да се заклучи дека Бајден ги допирал мускулите на снимателот.