ФОТО + ВИДЕО: Лагите на насилникот Димитриевски на виделина – проговори нападнатото момче

Момчето вели дека откако на Димитриевски му било кажано дека не сакаат да седи со нив, тој почнал да ги навредува, по што брутално го нападнал момчето.

-До инцидентот дојде кога музичарот дојде кај нас да свири, си порачавме македонска песна. Тогаш дојде Максим, се приближи на нашата маса. Културно му кажавме дека не сакаме да биде со нас тука. Тој си отиде, го викна музичарот и ни ја изгаси музиката. Потоа отидов да прашам зошто го сторил тоа? Тој почна да не навредува, да не пцуе и го прашав зошто прави така? Се заврти кон мене, ми удри два бокса и потоа викнавме полиција, тврди нападнатото момче.

Вели и дека како последица на ударите од Димитриевски, тој има еден скршен и еден напукнат заб.

-Еден заб ми е скршен, еден ми е напукнат и во пределот на устата сум повреден. Расцепени ми се усните и исто така имам модринки во пределот на усните, рече момчето.

17837825_10213186702971473_623787178_o