(ФОТО/ВИДЕО) Мекларен го претстави „MЦЛ35“

Тимот на Мекларен го претстави новиот автомобил „MЦЛ35“ на церемонијата во својот Центар за технологија. Автомобилот е сè уште во портокалова, со некои сини украси, но за прв пат има мат финиш.

На тоа се потпираат и Ред Бул, Мерцедес и Ферари, бидејќи покрај добриот изглед, оваа опција ја олеснува шасијата за неколку стотини грама.

– Ми се допаѓа многу. Новиот мат дава финиш на целата работа што е поставена во овој автомобил и изгледа одлично, рече пилотот на тимот, Карлос Сајнз.

Ландо Норис, неговиот тимски колега се пошегува: „Јас сум дизајнерот!“

Шефот на тимот, Андреас Зеидел изјави дека автомобилот за прв пат бил претставен пред луѓето од целиот тим синоќа во знак на благодарност за сработеното.

– Денес е следниот чекор во нашето патување. Сепак, не треба да се занесуваме затоа што сезоната ќе биде тешка, изјави Зеидел.