24.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

(ФОТО/ ВИДЕО) Објавени компромитирачки фотографии на Бил Клинтон

Фотографиите на поранешниот американски претседател Бил Клинтон додека го масира девојка која е жртва на педофилот Џефри Епштајн се објавени денеска во американските  медиуми.

Фотографиите се објавени пред говорот што треба да го одржи денеска Клинтон денес за поддршка на демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден.

Клинтон, кој во тоа време имал 56 години, се пожалил на укочен врат откако заспал во приватниот авион на Епштајн на хуманитарно патување во Африка во 2002 година.

Осомничената „Мадам“ Гислејн Максвел, која е обвинета за трговија со луѓе, наводно и дала инструкции на Дејви во неколку наврати да го масира Клинтон.

Дејви тврдела дека Епштајн ја силувал неколку пати, а таа исто така изјавила дека Клинтон бил џентлмен на патувањето.

Епштајн и Максвел, како и други познати личности, му се придружија на Клинтон на неговиот пат за Африка во септември 2002 година. Тоа беше проект на Фондацијата Клинтон за подигање на свеста за сиромаштијата и СИДА-та на континентот.

Се појави и фотографија на која Клинтон и Максвел позираат во авионот.

Да потсетиме, Џефри Епштајн под сомнителни околности се самоуби минатиот август во затвор во Њујорк , каде што ја служење затворската казна за педофилија.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=rqXXQjqTtfo&feature=emb_logo

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.