ФОТО+ВИДЕО: Ова е најмалиот дрон во светот

Тимот кој стои зад дизајнот на персоналното беспилотно летало, кое воедно е досега најмало во светот, успеа да собере над 150.000 долари за само еден ден  – или  двојно повеќе од она што тие имаат за цел да го постигнат во еден месец, пишува Раша тудеј.

„Екстремните летачи“, кои го создадоа микро дронот, велат дека нивната единствена цел била да создадат мало, персонално, беспилотно летало.  Досега над илјада луѓе инвестираа во новите микро дронови.

Најновата генерација на далечински контролирани дронови има вградена HD камера која емитува снимки во живо на паметен телефон. Видеата исто така може да се споделуваат преку популарните сервиси за емитување во живо.

Творците на микро дронот тврдат дека тој може да биде управуван, „секаде и од секого, без разлика на возраста или искуството со летање“.

Беспилотното летало може да лета со брзина до 70 км (19 милји) на час, со опсег од 90 метри од операторот.

Масовното производство на микро дроновите ќе започне оваа есен. Оние кои го поддржаа проектот со најмалку 125 долари може да очекуваат дека ќе бидат меѓу првите што ќе ги добијат своите уреди во ноември.