(ФОТО+ВИДЕО) Полицијата го проверува Арена центар во Загреб по дојавата за бомби, направена е целосна евакуација

Арена Центар во Загреб е целосно евакуиран поради дојави за бомби. Вработените и посетителите го испразнија центарот по известувањето.

Полицијата е на терен и работи по пријавата.

-Дојавата беше за можна експлозивна направа, полицијата се уште проверува, велат од полицијата во Загреб.

Трговскиот центар останува затворен до наредно информирање.