(ФОТО/ ВИДЕО)Протести во Париз против носење маски: „Слобода, слобода“

Меѓу 200 и 300 демонстранти се собраа денеска на мирни демонстрации во еден парк во Париз.

Демонстрантите се собраа на плоштад во источен Париз, притоа обвинувајќи ја владата дека „со страв манипулира со луѓето“ и наметнува носење маски во неколку големи француски градови „без никакво научно оправдување“.

Некои од демонстрантите добија казни поради неносење маски.

Ова е едно од првите собирања на активисти што се бунат против задолжителното носење маски во Франција. Демонстрантите мошне брзо беа опкружени од припадници на силите на редот, а на некои демонстранти поради неносење маски им се врачени казни во износ од 135 евра.

„Луѓето не сакаат маски…, ги носат само затоа што се плашат дека ќе добијат парична казна“, рече еден од протестантите. Тие сакаат да го изразат незадоволството поради мерките на задолжително носење маски за лицето, со повици: „Слобода, слобода!“

АФП пишува дека станува збор за еден од првите протести од овој тип во Франција.