ФОТО+ВИДЕО: Прва фотографија по масакрот во „Шарли Ебдо“

Во јавноста протече фотографија од внатрешноста на редакцијата на францускиот неделник Шарли Ебдо снимена веднаш по вчерашниот терористички напад.

Во нападот се убиени 12 лица, од кои 10 новинари и уредник и двајца полицајци.

Оваа потресна фотографија е сведоштво на страшниот злочин кој го сторија браќата Саид и Шериф Куаши. Браќата се во бегство и според последните информации се враќаат во Париз.

Третиот осомничен напаѓач, осумнаесетгодишниот Хамид Мурад, самиот се предал во полиција и тврди дека за време на нападот бил на училиште, за што изгледа има и сведоци.

Нападот е изведен во 11:30 часот во париското седиште на магазинот за време на редакциски состанок, така што целото уредништво било во канцаларијата. Меѓу убиените се и карикатуристи и главниот уредник, Стефан Шарбони, познат како Шарб. Убиени се и познатите цртачи Жан Кабу, Жорж Волиски и Бернар Тињу Верлак.

Еден од полицајците во зградата бил лична придружба на Шабони, кој претходно добил закани по животот.

Нападот го извеле тројца маскирани напаѓачи, кои биле облечени во црно. Носеле автоматски пушки „калашников“ и еден ракетен фрлач и наводно по влегувањето по име ги барале жртвите. За време на нападот викале „Алах е голем“ и „Го одмаздивме пророкот“.

Кога се дале во бегство се пресретнале со полицијата, меѓутоа успеале да побегнат. При нападот ладнокрвно е убиен еден полицаец, кој инаку бил муслиман – Ахмед Мерабет. Тој молел за милост, но тие ладнокрвно го застрелале со куршум во главата. Ахмед бил оженет човек и татко на бебе.

sarli-ebdo-masakr-ubistvo-policajca-foto-youtube-p-1420706476-605812

Напаѓачите побегнале со црн „цитроен“, кој подоцна го оставиле. Украле друг автомобил и побегнале во непознат правец. Оттогаш полицијата трага по нив.