Силно невреме проследено со ветер, грмотевици и дожд го зафати Скопје.
Од Центарот за управување со кризи информираа за паднати дрвја во близина на транспортниот центар, на улицата Симеон Кавракиров.
Според податоците од УХМР, до крајот на денот и во текот на ноќта во земјава времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.
Стабилизирање на времето се очекува во понеделник.