(ФОТО/ВИДЕО) Со службените автомобили Спасовски и Зекири на партиски состаноци

Функционерите на СДСМ ги користат службените автомобили за партиски состаноци.

Така, на состанок на 29 јуни во Арачиново допатувале техничкиот премиер Оливер Спасовски и екс-пратеникот Мухамед Зекири.

Арачиново во времето на СДСМ не ја доби ветената канализација, но по три години на власт, власта повторно се сети на Арачиново за време на избори. Со ветување за една милијарда евра странски инвестиции и победа за сигурна иднина СДСМ овојпат ќе граба пратенички мандати додека по улиците по кои се слеваат фекалии за партиски потреби фрчат пасати, бе-ем-веа, мерцедеси, ровери… и тоа сите државни.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.