ФОТО: Владини делегации положија цвеќе по повод 11 Октомври

Делегации на Владата на Република Македонија, Собрнаието, како и на Градот Скопје по повод празникот 11 Октомври, денеска положија цвеќе пред Споменикот на Партизанските гробишта во Бутел.

По тој повод  цвеќе положија и делегации  Министерството за одбрана и АРМ, претставници на здруженијата на борци, претставници на дипломатските претставништа, политички партии и други здруженија.

stavreski

Покрај Споменикот на Партизанските гробишта во Бутел, цвеќе беше положено и пред гробовите на поранешните претседатели на Република Македонија Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и пред гробот на генерал Михајло Апостолски, лоцирани во градските гробишта “Бутел”.

stavreski-3

Цвеќе беше положено и пред Споменикот на Методија Андонов Ченто и Споменикот на паднатите херои за Македонија.

3
4