(ФОТО) Власта не дозволува да продефилира коњаницата на Мечкин Камен

Првпат во историјата најголемиот македонско празник, Илинден ќе помине без присуство на традиционалната илинденска коњаница.

Од извори од самото место порталот Инфомакс информира дека на коњаницата не и се дозволува да продефилира на Мечкин камен и да го одбележи настанот иако овие момци и девојки поминаа повеќе од 160 километри изминативе денови на коњ, а еден од нив поради повредата која ја заработи неговата кобила, маршот го заврши пеш.

Во моментов полицијата ја чува коњаницата и не дозволува да излезе од шумата со образложение дека чекаат да заврши протоколот. Дури шест пати од страна на полицијата биле запрени членовите на коњаницата да го завршат маршот како што тоа се случувало изминативе години. Очигледно власта влага во отворен конфликт со сето она што е патриотско и традиција во Македонија, а конечната цел е да се избрише се што е македонско и што му значи на овој народ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.