ФОТО| Власта не сака да се меша со обичните граѓани, забрани и тие да се поклонат во исто време со нив на Могилата на непобедените

Првпат за обичните граѓани денеска беше забранет пристапот до Могилата на непобедените и Алејата на народните херои.

Луѓето чекаа да заминат делегациите за да можат да положат цвеќе пред споменикот на своите предци.

На семејствата на паднатите борци и народни херои, дури и на новинарите им беше забранет пристап додека делегациите беа на самото место.

Со ова уште еднаш се докажа дека власта е над народот и не сака да се меша со обичните граѓани, но уште помалку да слушне нечие мислење или коментар во врска со лошите политики кои ескалираат од ден на ден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.