ФОТО| ВМРО-ДПМНЕ: Стратум кој доби пари од Фондот за иновации, сега пред избори мести анкети за СДСМ

Стратум Рид е истата компанија која во неколку наврати добива пари од скандалозните исплати на Фондот за иновации. Сега истата компанија која доби пари од власта, пред избори мести анкети за СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Анкетата е лажна и за политичка употреба пред самите избори, што најдобро ја отсликува нервозата во СДСМ и поразот кој им следи.

Компанијата која е соработничка на владата сега е соработничка и на СДСМ. Веројатно самите анкети се правени на компјутерот во седиштето на СДСМ, а не врз основа на научен и репрезентативен примерок.

За сето ова говори и фактот што управителката на Стратум Весна Кузмановиќ е соработник и со Зоран Заев, што го потврдуваат и фотографиите кои во прилог ги испраќаме.

Уште еден доказ дека СДСМ е најлошото државата“, стои во партиската реакција.