(ФОТО) Во Белград убиен синот на познат српски фудбалер

Ведран Репчиќ, (41) син на поранешниот фудбалер на Црвена Звезда, Сребренко Репчиќ, е убиен рано утринава во населбата Браќа Јерковиќ во Белград, кога непознат маж испукал повеќе куршуми во него.

Итната помош била повикана од страна на соседите, но кога пристигнале лекарите можеле само да констатираат смрт кај Ведран. На самото место пристигнала полицијата и инспектори кои вршеле увид.

Според очевидци, откако испукал неколку куршуми во Репчиќ, напаѓачот со црна маска, спортска торба и темна облека побегнал кон пазарот.

По пукањето, полицијата ја прогласи акцијата „Виор“ во Белград, која се однесува на потрага по напаѓачот.