(ФОТО) Во Египет крај Каиро откриена гробница на свештеник стара над 4.000 години

Гробницата на древен жрец од еден од храмовите од периодот на фараоните од Петтата династија на Древниот Египет, којашто владеела од околу 2504 до 2347 година пред Христа, е откриена во историскиот регион Саккара, неколку десетици километри јужно од современата египетска престолнина Каиро, објави во саботата египетскиот министер за старини, Калед ал-Анани.

Според министерот, староста на гробницата изнесува приближно 4.400 година. Во неа, како што прецизира Калед ал-Ананим „бил погребан многу вископозициониран благородник од тој период, свештеник на еден од храмовите на владетели на Древен Египет“. Научниците, додава, веќе успеале да го одредат и името на древниот служите на култот, и го нарекуваат Вах-Ти.

Египетскиот министер за старини во изјавата додава дека „оваа гробница е едно од најдобро зачуваните некрополи, кои се откриени од страна на археолозите во текот на оваа сезона“. Како ѓто истакнува ал-Анани, „очигледно таа не била ограбена и останала до нашите дни речиси иста каква што била осмислена од древните архитекти“.

Должината на гробницата на жрецот Вах-Ти изнесува околу десет метри, а височината ѝ е три метра. Содржи 18 ниши со 24 големи обоени статуи издлабени во карпата. На нејзините ѕидови се повеќебојни фрески кои ги прикажуваат живописните сцени од животот на свештеникот со неговата мајка, сопруга и децата. Во карпата во двослојниот саркофаг се издлабени неколку десетици скулптури коишто, како што претпоставуваат експертите, исто така ги персонифицираат Вах-Ти и членовите на неговото семејство.

Ал-Анани не појаснува дали при археолошките ископувања се откриени особено вреди артефакти од времето на древниот Египет, истакнувајќи дека работата на археолозите сѐ уште трае.

На територијата на археолошкиот комплекс Саккара се наоѓа светски познатата шестепена пирамида на фараон од Третата династија на Древното египетско царство Џосер, којашто е најстарата сочувана до денес грандиозна камена структура на светот. Таа е изградена околу 2650 година пред Хриса и се смета за претходник ана сите ткн „мазни“ египетски пирамиди, подигнати во последните векови од Древниот Египет, меѓу кои се и трите пирамиди на платото Гиза: на Кеопс, на Хефрен и Микерин.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.