ФОТО| Во Гази Баба интензивно се гради мултифункционалниот парк

Градоначалникот на скопската општина Гази Баба, Бобан Стефковски, направи во саботата увид во градежните работи за изградба на првиот голем мултифункционален парк кој се гради на територија на општината.

За извршениот увид, градоначлникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Интензивно се работи на изградбата на првиот голем мултифункционален парк во Триангла.

Направивме увид во градежните работи за изградба на мултифункционалниот парк кој се гради во Триангла и е прв од ваков тип на територија на општина Гази Баба.

Градежните работи влегуваат во завршна фаза.

Се поставува парковско зеленило, а наскоро ќе започне и поставувањето на опремата за детско забавно игралиште со најсовремени реквизити, како и изградбата на фитнез зона на отворено која ќе биде дел од овој парк.

Следната недела во едниот дел од паркот ќе се изгради и паркот за миленици.

Со реализацијата на овој проект се урбанизира еден простор кој во минатото преставуваше место на кое најчесто се вршеше диво одлагање на отпад, а жителите на Триангла, Маџари и цела општина Гази Баба добиваат ново катче за одмор и рекреација.

Овој парк се гради на површина од над 2000 метри квадратни, а најголемиот дел од градежните работи ги реализира ЈКП Гази Баба, напиша Стефковски.