(ФОТО) Во Индија се роди девојче со четири нозе и три раце

Во индиската сојузна држава Раџастан се родило девојченце со четири нозе и три раце, покрај апсолутно здравиот близнак, пишува британскиот весник The Daily Mail.

Според лекарите, веројатно 24-годишната родилка првично требала да роди тројки, меѓутоа два од фетусите се споиле во матката и растеле заедно. Бидејќи мајката во текот на бременоста никогаш не направила ултразвук, никој не знаел за проблемот. Неписмените сиромашни родители воопшто и не биле свесни дека очекуваат близнаци.

Младата жена во петокот во болницата „Тонк“ во Раџастан се породила со близнаци, момченце и девојченце. Додека машкото се родило здраво, девојчето имали уште еден чифт нозе и уште една рака која ги прекривало градите и стомакот.

Се планира девојченцето да биде пренесено во посовремена болница во која има детска хирургија во Џајпур за натамошно третирање. Лекарите веруваат дека таа ќе може да води нормален живот по отстранувањето на вишокот екстремитети.

Д-р Рохтиш Меена, кој ги породил бебињата, изјавил дека машкото дете е сосема нормално, дека во случајот на женското бебе најверојатно станува збор за споени близнаци. Девојченцето имало проблем со дишењето и било ставено на кослородна поддршка и оти нејзините витални функции во моментов се стабилни.