ФОТО: Во „мерцедес“ криеле 10 килограми хероин вреден 240.000 евра

111

Дрога, вредна 240.000 евра се обиделе да прокруимчарат двајца скопјани.

Министерството за внатрешни работи во во содејство со Царинска Управа на Република Македонија спречи шверц на дрога од Турција наменета за македонскиот пазар.

Според информациите од полицијата, ноќеска околу 3.30 часот на граничниот премин Богородица при влез во државата е сопрен автомобил „мерцедес“ со скопски регистерски ознаки управува од 32-годишниот С.С. каде сопатник бил десет години помладиот И.И.

mvr3

 

Од страна на царински  и  полициски службеници преземени се мерки на царинска контрола над возилото и личен претрес на лицата при што во  праговите од автомобилот пронајдени  се 19 пакување обвиткани со селотејп трака исполнети  со непозната прашкаста материја бела боја, односно хероин.

mvr1

Запленетиот хероин при продажба на домашниот нарко пазар на големо во Р.Македонија би достигнал цена од 240.000 евра,  додека  надвор од земјава  над 300.000  евра.

mvr4

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.