(ФОТО) Во последното ‘енсеро’ во Памплона прободени три лица

Три лица се прободени во осмата и последна годинешна трка, или „енсеро“ со биковите која се одржува во рамките на празнувањето на верскиот празник Свети Фермин во шпанскиот град Памплона.

Во текот на деветндевниот фестивал во трките со биковите годинава се прободени осум лица, а вкупно 35 се хоспитализирани. Лесно се повредени неколку стотици учесници во трките.

Заедничкото трчање на биковите и луѓето често завршуваат со повреда, потешки ранувања па дури и смртни случаи. Биковите ги газат бавните „спортисти“ при што можат да ги задушат а се случуваат и тешки повреди нанесени со роговите на животните. Во 1924 година, за време на „енсерото“ во Памплона, загинаа 15 лица, додека последниот фатален случај беше забележан во 2009 година.

Во светот познатиот деветодневен фесивал, називот го доби по светецот и заштитник на Памплона, Свети Фермин.

Во рамките на деветодневното празнување учесниците секое утро од осум, часот се натрчуваат со шест бикови низ тесните улички на средновековиот шпански град, а секоја година настанот привлекува околу милион посетители. Се трча по патеката долга 825 метри до арената во која се одржува коридата со бикови.

Во рамките на празнувањата, „тркачите“ вообичаено трчаат пред или покрај биковите, а оние кои не сакаат да ризикуваат ја следат трката од блаконите.

Фестивалот вклучува и музички, танцови и традиционани претстави, верска процесија во чест на светоцот, натпреварување во огномет и уште многу забава. Празнукот Свети Фермин се слави од 1591 година, кога ги обединувала верското празнување во чест на свети Фермин, заштитникот на шпанската покраина Навара, традицијата на трговските саеми и коридата. Официјално заторање на фестивалот ќе се одржи во неделата на полноќ.