(ФОТО) Во Тајван се урна мост врз рибарски бротчиња, има исчезнати

Мост во пристаниште на североистокот од Тајван се урнал во вторникот врз неколку рибарски бротчиња на кои имало луѓе, и се стравува дека останале заробени во нив, објавија властите.

Досега десет лица се извлечени од водите и се пренесени во болниците, а нуркачите го пребаруваат морето во потрага по луѓето од рибарските бротчиња, соопштија два владини функционери од Суао во покраината Јилан.

Најмалку шест лица со бродови и натаму се сметаат за исчезнати.

„Мостот се урнал околу 9,30 часот (по локално време), кога на него била цистерна која се запалила. Стравуваме дека некои рибари може да се заробени во бродовите“, изјавил Шин И-чун, градски функционер.

Властите ја вклучиле и војската во спасувачките напори и восоставија кризен центар кој управува со операцијата. Причината за уривањето на мостот изграден пред 21 година засега не е позната.

Повеќето луѓе кои биле на рибарските бротчиња биле филипински и индонезиски државјани кои останале на бродовите во пристаништетот за да го избегнат тајфунот кој донел силни ветрови и дожд на острвот во понеделникот вечерта и ноќта кон вторникот. Меѓутоа, тајфунот во кој се повредени 12 лица а без струја останале над 66.000 домови, во моментот на уривање на мостот веќе минал низ оваа област и времето било сончево.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.