(ФОТО) Возачите револтирани – автопатите под снежна покривка

66

Патиштата низ земјава се во катастрофална состојба, реагираат револтирани возачи, кои споделуваат фотографии на фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“. Властите тврдат дека работат на терен, но очигледно резултати нема, па дури ниту на магистралните патниц правци, како и автопатот „Пријателство“, кој е дел од рутата Е-75.

 

Од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата претходно апелираа возачите да се однесуваат одговорно и внимателно, особено кон ранливите категории учесници во сообраќајот.

Секој возач во зимски услови на возење треба пред да тргнете на пат, да ја провери временската прогноза, резервоарот со гориво и течностите во возилото, како и задолжително да користи светла за зголемена видливост и да поседува зимски сет.

РСБСП ги советува возачите, доколку се заглават, да ги вклучат трепкачите, да постават рефлектирачки триаголник на патот, а ако има големи наноси на снег за означување на возилото може да закачите обоена ткаенина на антената, како и да останат во возилото додека не дојде помош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.