ФОТО| Воздушна тревога над цела Украина

Украинската престолнина Киев и многу други градови се под ракетни напади, објави во понеделникот заменикот шеф на кабинетот на украинскиот претседател Кирил Тимошенко, повикувајќи ги граѓаните да останат во засолништата, а сведоците јавуваат и за експлозии во рускиот пограничен град Белгород наспроти украинскиот доминантно руски град Харков.

„Украина е под ракетен напад, имаме информации за многу погодени градови во нашата земја“, објави Тимошенко на Telegram.

Според итните служби во Киев има мртви и повредени. Експлозии во понеделникот утрото имало и во Лвов, Тернопил и Житомир на западот на Украина, како и во Дњепар во централниот дел од земјата.

Густ чад се издигнува од центарот на Киев откако украинската престолнина била потресена од неколку силни детонации. Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека има мртви и ранети во експлозиите кои во понеделникот утрото ги потресле украинските градови и ја обвини Русија дека се обидува неговата земја „да ја избрише од лицето на земјата“.

„Се обидуваат да нѐ уништат и избришат од лицето на земјата… да ги уништат нашите луѓе кои спијат дома во градот Запорожје. Да ги убијат нашите луѓе кои одат на работ во Дњепар и Киев. Сирените за воздушна тревога се слушаат ширум Украина. Проектилите гаѓаат. За жал, има мртви и ранети“, изјави Зеленски на апликацијата за размена на пораки Telegram.

Киевскиот градоначалник Виталиј Кличко ги повика жителите на Киев е да побараат засолниште од руските ракетни напади.

Претходно во понеделникот утрото се слушнале неколку силни експлозии кои создале облаци од чад над центарот на Киев, но целта на нападот веднаш не беше јасен. Киев неколкупати беше гаѓан со руски проектили од почетокот на војната на 24-ти февруари.

Меѓутоа, денешното ракетирање, според првичните процени, се најголемите и прво по многу месеци. На една од најфреквентните крстосници во Киев има голем кратер, според очевидци. Автомобили се разнесени, згради оштетени. Два автомобила во близина на кратерот целосно се уништени, поцрнети и издупчени од шрапнели. Прозорци се разнесени на зградите на главниот киевски универзитет „Тарас Шевченко“.

„Главниот град е под напад на руските терористи! Проектили погодија објекти во центарот на градот“, објави градоначалникот Кличко на социјалните мрежи.