(ФОТО) Возило „се качи“ на столпчињата на булеварот кај ЕУ во Скопје

Фото. фејсбук страница АероДРОМци

Нова сообраќајна несреќа се случи претпладнево на булеварот кај Канцеларијата на Европската Унија (ЕУ) во центарот на Скопје.

Во сообраќајката учествуваше автомобил со скопски регистрации кој буквално „се качи“ на заштитните столпчиња поставени помеѓу коловозот и велосипедската патека покрај објектот во кој е сместена Делегацијата на ЕУ во земјава.