Една од најомилените холивудски двојки Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли се во среќен брак веќе седум години.
За жал, тие деновиве се вознемирени затоа што нивните свадбени фотографии ќе бидат отстранети од страниците како Пинтерест и Кнобот. Причината е што биле снимени на плантажата „Boone Hall“ каде некогаш работеле робови.
Иако плантажата стана популарна дестинација за свадбени фотографии последниве години, таа сепак имала турбулентно минато што мора да се почитува, смнетаат организациите за човекови права.
„Свадбената индустрија ги негира ужасните услови во кои цело време живееле Афроамериканците. Тие промовираат плантажи како романтични места за брак“, напиша организацијата за човекови права „Боја на промената“ во писмото до „Кнот“.
„Плантажите се физички потсетник за едно од најголемите кршења на човековите права во историјата. Да се поканат парови да се венчаат на такви места е ужасно“, објави организацијата.
Pinterest веднаш одговори во врска со контроверзните фотографии.
„Свадбите треба да бидат симбол на љубовта и заедништвото. Плантажите не претставуваат ништо од тоа. Ние работиме на ограничување на оваа содржина“, соопштија од агенцијата.