(ФОТО) Заев на одмор во Преспа

Иако пред изборите тврдеше дека тие мора да се одржат брзо за да може брзо да се формира Влада која ќ одговори на последиците од корона кризата, екс премиерот веднаш по гласањето замина на одмор. Тој денеска на социјалните мрежи објави фотографии за кои вели дека се направени во Љубојно.

„Дома си е дома, дома е и во Љубојно во Преспа. Медот е од Бујар, баклавата ја правеше мајка му на Линдим, а рибата ја спреми тетка Лилјана, мајката на Васко. Голема благодарност за гостопримството и одличната храна и до Борјан и до градоначалникот Живко. Цело е кога има сѐ“, напиша Заев во опис на фотографиите.