ФОТО: Запознајте го Иван – првото бебе во Новата година

Иван е првото бебе кое се роди во Новата 2014 година.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Mинистерот за здравство, Никола Тодоров и Mинистерот за труд социјална политика, Диме Спасов денеска на Клиниката за гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички Prvo-rodeno-bebe-2014-(3)центар го посетија првото бебе што се роди во Скопје во Новата 2014 година.

Првото новороденче е машко и донесе неизмерна радост на мајката Оља Чолакова. Иван е второ дете на Оља Чолакова.

Бебето е родено во 00,01 минута по полноќ, долго е 50 сантиметри, а тешко три килограми и 450 грама.

„Им честитам на семејството Чолакови и им посакувам среќни новогодишни и божиќни празници. Првороденото бебе е машко што е знак дека ќе имаме успешна и бериќетна година. Градот Скопје традиционално на првороденото дете во новата година му подарува штедна книшка со 20.000 денари и други пригодни подароци“, изјави Градоначалникот Трајановски.

Prvo-rodeno-bebe-2014-(2)Градоначалникот Трајановски ја искористи приликата да им ја честита Новата 2014 година на своите сограѓани и да им пожели добро здравје, среќа, љубов, успеси, како и поголема меѓусебна толеранција и разбирање.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов на новороденчето му подари златник, еднократна парична помош и други пригодни подароци.

    Prvo-rodeno-bebe-2014