Со воени раскош и традиционални ритуали, во Јужна Африка денеска е погребан Нелсон со што дојде крајот на исклучително патување за затвореникот стана претседател кој ј асмени историјата.
Мандела , по негова желба, е погребан во родното место Куну, каде го поминал детстово.
Племенски лидери облечени во животински кожи се приклучија на достоинственици во темни костуми на гробот со поглед на зелени ридови.
Вдовицата на Мандела, Граса Машел, ги бришеше солзите додека се опростуваше со сопругот.
„Заврши едно патување кое започна пред 95 години . Беа тоа 95 славни години на борецот за слобода, посветен, скромен слуга на јужноафриканскиот народ.Твојот долг пат кон слобода заврши во физичка смисла, но нашеато патување продолжува и ние мораме да продолжиме да градиме општество кое ти макотрпно го воспостави“ рече претседатрелот на ЈАР Јакоб Зума.
Ахмед Катрада кој служел затворска казна заедно со Мандела се прости, како што рече, од својот брат . Од својот прадедо се збогуваше и правнуката Нанди .
Авионите на јужноафриканската авијација прелетаа над Куну, местото на кое беше погребан Манедла. Според традиционалните обичаи Мандела беше погребан токму во 12 часот по локално време кога сонцето е на највисоката точка а сенките се најмали . Ковчегот со посмртните останки беше покриен со знамето на Јужноафриканската Република.
Беа запалени 95 големи свеќи кои ќе светат во слава на сите години кои Мандела ги поминал на светот .
Меѓу присутните на денешната церемонија , покја сегашната и поранешната сопруга на Мандела, беа и принцот Чарлс, телевизиската водителка Опра Винфри и принцот на Монако.
Мандела почина на 5 декември . Затвореникот кој стана претседател за својата борба против апартхејдот доби најмалку 250 престижни награди вклучувајќи ја и Нобеловата награда за мир во 93 та.