ФОТО| Зголемени активности на локациите за нуклеарни тестирања во САД, Русија и Кина

Русија, САД и Кина изградија нови капацитети и ископаа нови тунели на нивните локации за нуклеарни тестови последниве години, покажуваат извештаите на интернет страницата ексклузивно објавени од CNN, во време кога тензиите меѓу трите големи нуклеарни сили се зголемија на највисокото ниво по повеќе децении.

Иако нема докази кои би укажувале дека Русија, САД или Кина се подготвуваат за непосредна нуклеарна проба, снимките кои ги добил и ги ѝ обезбедила на американската телевизиска мрежа истакнат воен аналитичар покажуваат неодамнешни проширувања на три локации за нуклеарни тестирања.

Едната локација се наоѓа во Кина, во крајниот западен регион Ксинџијанг, втората е во Русија, во архипелагот на Арктичкиот Океан, а третата припаѓа на САД и се наоѓа во пустината Невада.

„Сателитските снимки направени во изминатите три до пет години покажуваат нови тунели под планините, нови патишта и магацини, како и зголемен сообраќај на возила на местата“, рече Џефри Луис, вонреден професор во Центарот за непролиферација Џејмс Мартин и на Институтот за меѓународни студии Мидлбури.

Додаде дека има многу индиции дека Русија, Кина и САД може да продолжат со нуклеарните тестирања, нешто што ниту една од тие земји не го направила откако подземните нуклеарни тестирања беа забранети според договорот од 1996 година.

Кина и САД го потпишаа тој договор, но не го ратификуваа, за разлика од Москва, меѓутоа рускиот претседател Владимир Путин во февруари рече дека ќе нареди тестирање ако САД први ги започнат такви проби, потсетува CNN.