11.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

(ФОТО) Жељко Бебек ја расплака публиката во Сплит кога на сцената настапи со синот

Пред осум илјадна публика , и покрај невремето , Жељко Бебек одржа концерт за паметење во Сплит , заедно со неговиот син Звонимир.

Невремето во Сплит и околината не претставуваше никаква пречка за осум илјади луѓе да дојдат во Спаладиум арената на концертот на Жељко Бебек.

Тој го отвори шоуто со песната „Жолта роза“ и на сцената му се придружи и неговиот 16-годишен син Звонимир, кој свири гитара во неговиот бенд.

„Те сакам толку многу Сплите, ова нема да ја расипе нашата вечер!“ извикал Бебек пред да почне да ја пее „Тијана“.

Пред неговиот концерт во Арената во Сплит, Жељко Бебек, кој го прослави својот 74 роденден на 16 декември, рече дека се надева оти публиката „ќе ужива во најдобро можно расположение“.