(ФОТО) Златниот ковчег со телото на Флојд пристигна во родниот Хјустон, погребот е утре

Сите ожалостени ќе можат последен пат да го видат трупот на убиениот Џорџ Флојд денеска во неговиот роден град Хјустон во Тексас.

Шест часа ќе трае изложувањето на Флојд, во црквата The Fountain of Praise во југозападниот дел на Хјустон.

Овој настан ќе биде јавен така што ќе може секој да дојде и да му оддаде почит на починатиот Флојд, а задолжително е носењето маски и ракавици како мерка за сузбивање на ширењето на коронавирусот, објави Стар Трибјун.

Погребот на Флојд ќе се одржи во вторник, а ќе биде погребан на гробиштата Меморијал Гарденс во Хјустон, каде почива и неговата мајка Марценија Флојд.

Семејството пред погребот издаде соопштение.

„Поради мерките за социјално дистанцирање, погребот во вторник ќе биде лимитиран на 500 гости, во кои се вклучени семејството и блиските пријатели. Ја молиме јавнсота последна почит кон Флојд да извршат во понеделник кога ковчегот ќе биде изложен и отворен за јавноста“, рекоа тие.

 Своето доаѓање на церемонијата за Флојд ја најави и претседателскиот кандидат на демократите Џон Бајден. Тој наводно ќе го посети семејството на Флојд, и ќе испрати видео порака која ќе се емитува во текот на погребот, но нема лично да се појави таму.

Инаку, Дерек Човин, Томас Лејн, Џеј Александер Куенг и Тоу Тао први излегоа на местото на настанато по повикот дека Џорџ Флојд платил во дуќан со фалсификувана банкнота. Настанот се случи на 25. мај и Флојд умре во текот на приведувањето, што поттикна протести ширум САД и светот кои траат и денеска.

Човин минатата недела е обвинет за убиство од втор степен, додека Куенг, Тао и Лејн се товарат за помагање во убиството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.