Во моментот се одржува протест организиран од страна на најголемата опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
Поаѓањето започна во 12:30 од две локации во Скопје, СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“ .
Граѓаните едногласно бараат оставка од Зоран Заев, разочарани од текот на преговорите со Бугарија, каде што на маса се ставени македонската историја, идентитет и јазик.