ФОТОГАЛЕРИЈА: Груевски за Богојавление во Гостивар

Годинава големиот христијански празник Богојавление –Водици во Гостивар беше одбележан во чест на македонските херои што трагично го загубија животот во кумановските настани од мај годинава. Голем број на верници присуствуваа на централната манифестација на положувањето на крстот во водите на Вардар.

gruevski-gostivar-4

На Манифестацијата во Гостивар присуствуваше и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски.

gruevski-gostivar-2

Верниците тргнаа од соборниот храм „Св Богородица“ , а крстот во водите на Вардар го положи митрополитот тетовско гостиварски, господин Јосиф. Во Гостивар денеска присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

gruevski-gostivar-3

Инаку оваа традиција минатата година беше возобновена по 68 години, од страна на иницијативен одбор, во чиј состав беше и Горан Илијевски кој својот живот го загуби во Куманово во мај минатата година.

gruevski-gostivar-5

Во негова и во чест на Ненад Серафимовски пријателите носеа маички со нивниот лик.

gruevski-gostivar-10

По прв пат светиот крст е во рацете на Горан Божиновски кој по истиот скокаше во осветените води на Вардар во Гостивар.

gruevski-gostivar-8

На среќниот Горан, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој присуствуваше на манифестацијата му подари икона на која е претставен Ангелот од Курбиново и лап-топ компјутер.

gruevski-gostivar-1

gruevski-gostivar-9

gruevski-gostivar-7

ФОТО: МИА