Фотографиите и видеата под здолништето ќе бидат кривично дело во Германија

Германскиот Бундестаг донесе закон според кој скришно направените фотографии или видео-снимки под здолниште (upskirting) ќе стане кривично дело, пренесува јавната телевизија ARD.

Новиот закон се очекува да стапи на сила оваа есен. Според германската министерка за правда, Кристин Ламбрехт, ваквите снимки „ги кршат не само правата на поединците, туку и правото на сексуално самопределување“.

„Фотографирањето на жена под здолжништетот или во нејзиното деколте, претставува бесрамно нарушување на нејзината интимна сфера“, изјави министерката.

Претходно ваквото снимање и фотографирање се третираше како административен прекршок, за кој беше одредена незначителна казна, се забележува во прилогот на ARD.

Сега, пак, прекршителите се соочуваат со парична казна или две години затвор. Законот кој гласи за „Подобрување на заштитата на личните права при фотографирање“, исто така, ќе се однесуваат и за оние кои снимаат жртви од разни инциденти.

„Оној што ќе фотографира сериозно повредени луѓе или веќе починати, од чиста желба за сензација, ја нарушува секоја човечка пристојност“, истакна Ламберхт.

Досега, кривничното право ги штитеше од фотографирање само преживеаните од несреќи, но со измените се пополнува оваа празнина во законодавството.