Фотографијата од самитот на Г7 за која се дискутира

Jesco Denzel

Фотографија којашто веќе влезе во историјата… Позата на американскиот претседател Доналд Трамп кој пркосно слуша што му зборува германската канцеларка Ангела Меркел на самитот Г7 во Канада молскавично стана многу коментирана во медиумите и на социјалните мрежи, но нејзините толкувања се контрадикторини.

„Потресениот Запад“, ја опишува во понеделникот германскиот дневен весник Tagesspiegel сега веќе славата фотографија којашто ја снимил официјалниот фотограф на германската влада, а на социјалните мрежи ја објави нејзиниот портпарол. „Трамп е груб кон американските сојузници, дали е тоа крај за Г7?“, пишува уште берлинскиот весник.

Фотографијата со одлична композиција којашто навистина кажува „илјада зборови“ за тоа колкаво било фијаското на самитот на седумте најразвиени земји на планетата во Канада, е едно од најкоментираните нешта на социјалните мрежи последните денови. Ја снимил наградуваниот германски фотограф Јеско Денцел, специјализиран за службени фотографии и портрети.

Во германската јавност сметаат дека владата јасно постигнала комуникациска цел – да се нагласи цврстината и непоколебливоста на Ангела Меркел. Навалена нанапред, со рацете масата, се чини како на Доналд Трамп да му држи предавање, дури и дека го прекорува, а другите државници стојат околу неа и слушаат. Европските стојат зад германската канцеларка а зад Трамп неговиот советник Болтон, а меѓу е јапонскиот премиер Шинзо Абе.

„Доналд, следниот пат кога ќе твиташ глупости, ќе ти го земеме мобилниот, јасно!“, коментираше на Twitter поранешниот белгиски премиер Ги Верхофштад.

„Неспорна пиар победа за Германија. Во политиката не е важна само содржината, и сликите се важни“, пишува неделникот Der Spiegel.

Меѓутоа, од спротивната страна на Атлантикот мислат поинаку. Многумина велат дека победник од ова фотографско соочување излегол всушност Трамп.

„1:0 за американскиот претседател. Трамп остана мирно да седи, а сиоте околу него стојат… со што тој му искажува авторите на светот“, тврди Елизабет Вехлинг, професорка на политичка науки и јазици на унивезитетот Беркли.

Уште повеќе, се чини дека Трамп го игнорира она што му зборува Меркел и гледа во францускиот претседател Емануел Макрон.

За придржубата на Трамп, позата на американскиот претседател, ладнокрвен, со прекрстени раце, над сé, зборува за неговата цврстина и истрајност во политиката „Прво Америка“. „Уште еден во низата собири на Г7 каде што другите земји ќекаат САД да им биде банкарот. Претседателот јасно им кажува дека со тоа е завршено“, изјави неговиот советник за национална безбедност, Џон Болтон.

Истовремено коментираше и портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Последните месеци фото-новинарството достигнува нови височини во надворешната политика. И секогаш кога првпат ќе видам слична фотографија, јас помислувам: ’Фотошоп, се разбира. Такво нешто не е можно’. А потоа се покажува дека, можеби, и не е така“, напиша Захарова на Facebook.

Според неа, за тоа што се разговарало меѓу челниците на земјите членки на Г7 зад затворени врати може да се суди по оваа единствена фотографија. „Не е важно што вратите беа затворени. Еден кадар – и завесата е подигната“, додава Захарова.