Фоторепортер на Ројтерс ја снимаше патеката на која се повреди Шумахер

Михаел Шумахер и понатаму се бори за живот по несреќата која ја доживеа при скијање, а неговата состојба и понатаму е стабилна но критична. Местото на кое удри со главата при скијање и понатаму привлекува големо внимание.

Камерата на фоторепортерот на Ројтерс ги сними патеките на скијалиштето во Мерибел.

Имено, од снимките се гледа дека на патеката има големи камења, а веројатно на некој од нив ударил и 45-годишниот Шумахер. Францускиот адвокат специјализиран за процесот по повредите на скијањето Едуар Бургин смета дека одговорните лица за одржување на патеката Мерибел индиректно се одговорни за несреќата која ја доживеа Шумахер.

Во јавноста проциркулира и неговиот тестамент, кој е тежок повеќе од една милијарда долари кои ги остава на семејството. Неговата сопруга Корина ги замоли медиумите да му помогнат на Шумахер така што ќе ги остават лекарите да си ја работат својата работа.