Fox News: Администрацијата на Обама преку амбасадорот Бејли ја финансирала операцијата на Сорос во Македонија

Од Џудишал Воч во средата соопштија дека го тужат Стејт Департментот и Агенцијата на САД за Меѓународен Развој (УСАИД) за да ги добијат досиејата според кои речиси 5 милиони долари пари на американските даночници отишле за македонската гранка на Фондацијата Отворено Општество на Џорџ Сорос, пишува Fox News.

Конзервативната група за надзор поднела тужба според законот за Слобода на информациите против Стејт департментот и УСАИД, откако двете не одговориле на барањето од 16 февруари според Законот за слобода на информациите за досиејата поврзани со грантовите и дозволите за исплата, архивата од комуникациите меѓу функционери на Стејт департментот или УСАИД и Фондациите Отворено општество. Групата, исто така, побарала пристап до досиејата за преписките пратени од Џес Бејли, функционер назначен од поранешниот американски претседател Барак Обама и поранешен американски амбасадор во Македонија и слични такви досиеја за политичките активности на Фондацијата Отворено Општество-Македонија, пренесува во четвртокот Курир.

На интернет сајтот на УСАИД е објавено дека меѓу 27 февруари 2012 и 31 август 2016 УСАИД дале 4,8 милиони долари, пари на даночниците, на организацијата на Сорос. Сајтот на УСАИД се поврзува со еден од сајтовите на Фондацијата Отворено Општество, на кој пишува дека во рамките на проектот биле обучувани стотици млади Македонци „на теми како слобода на здружување, младински политики, граѓански иницијативи, убедлива аргументација и користење на новите медиуми“.

„Администрацијата на Обама, се чини дека ги разбила буџетите на даночниците во напорите да ја финансира операцијата на Сорос. Стејт Департментот на САД и УСАИД треба да се приберат и да ги разоткријат деталите на Обама-Сорос проточниот вентил“, изјавил претседателот на Џудишал Воч Том Фитон.

Портпаролот на Стејт департментот изјавил за Fox News дека „Департментот не коментира случаи во судски процес“.

Но портпаролот на Фондациите Отворено Општество изјавил за Fox News дека: „Фондациите Отворено Општество трошат речиси милијарда долари сопствени пари годишно за промовирање на демократијата, човековите права и доброто владеење околу светот. Нашите локални фондации распределуваат само минимална сума американска помош. Кога УСАИД ќе избере национална Фондација Отворено Општество за да ги распореди фондовите на УСАИД – кои потоа одат во НВО-а од тие домени – причината е тоа што имаме репутација за транспарентност, ефикасност и професионализам. Работата што ја поддржува македонската фондација му погогна на македонскиот народ зајакнувајќи ги здравството, образованието, активизмот на заедницата и новинарството во земјата – често во партнерство меѓу Европската Унија, САД и македонската влада“.

Активностите на Бејли и финансирањето на групата на Сорос од страна на УСАИД беа ставени под ревизија на Конгресот кон почетокот на годинава. Републиканскиот конгресмен од Њу Џерси Кристофер Смит ја водеше групата пратеници од Претставничкиот Дом кои упатија до Бејли барање за одговори дали пари на американските даночници биле користени за финансирање на проекти на Сорос во малата балканска земја со конзервативно раководство. Републиканскиот сенатор од Јута Мајк Ли исто така изрази загриженост дека парите од УСАИД одат во Фондациите Отворено Општество на Сорос како дел од поширока загриженост дека американската амбасада зазема страна во партиската политика.

„Примив веродосојни извештаи дека во текот на изминатите неколку години американската мисија во Македонија активно интервенирала во партиската политика на Македонија, како и во оформувањето на нејзината медиумска средина и граѓанското општество, често фаворизирајќи групи од една политичка определба над друга“, пишува Ли во неговото писмо од јануари.

Во февреуари, републиканскиот претставник од Тексас Луи Гомерт, Смит и други, ја повикаа Владината Канцеларија за Отчетност да спроведе истрага и ревизија на активностите на Стејт Департментот и на УСАИД во Македонија, вклучувајќи го и финансирањето на телата на Фондациите Отворено Општество.

Според Џудишал Воч, постоело и потенцијално мешање во внатрешните македонски политички работи како потенцијално прекршување на Виенската конвенција за дипломатски односи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.