Fox News: Трамп би размислил дали може да го помилува Манафорт

© AP Photo / Alex Brandon

Американскиот претседател Доналд Трамп рекол дека би рагледал дали може да го помилува поранешниот шеф на неговата предизборна кампања Пол Манафорт, кој во вторникот беше осуден за данночни ибанкарски измами, пишува новинарката на американската теливизиска мрежа Fox News, која го интервјуираше претседателот.

Новинарката на Fox News, Ејнсли Ејрхард вели дека претседателот Доналд Трамп во средата и рекол дека „би го разгледал“ помилувањето на Пол Манафорт.

„Мислам дека лошо се чувствува поради Манафорт. Беа пријатели“м изјави новинарката во текот на емисијата „Hannity“ на Fox News во средата вечерта најавувајќи го интервјуто коешто ќе биде емитувано во четвртокот.

Манафорт во вторникот беше осуен по седум точки од обвинението за затајување на данокот и банкарски измами сторени од периодот кога бил политички советник во Украина.

Трамp во твитот од средата вечерта напиша дека Манафорт е „храбар човек“, како и дека „лошо се чувствувам поради Пол Манафорт и неговото прекрасно семејство“.