Франција ја ограничува продажбата на парацетамол

Француските здравствени власти ја ограничија продажбата на лековите базирани на працетамол, имајќи предвид дека снабдувањето со нив е доведено во прашање поради паничното купување на граѓаните во стравот од заразата со коронавирусот.

При зараза со коронавирусот Covid-19, лековите базирани на парацетамол ги ублaжуваат болките и температурата, но граѓаните не би смееле да земаат без поголема потреба големи количества, порача француската Агенција за лекови (ANSM).

За да ја гарантираат достапноста, аптеките смеат да продаваат најмногу една кутија парацетамол (500 милиграми или еден грам) на луѓе кои немаат симптоми на зараза со коронавирус, и најмногу две кутии за оние кои имаат симптоми, одлучиле од ANSM.

Интернет продажбата на лекови кои се базираат на парацетамол, ибупрофен и аспирин, привремено е запрена.

Доколку дојде до зараза, парацетамолот е подобар лек од противвоспалителните лекови, како што е ибупрофенот, кои може да ја замаскираат заразата и потенцијално да ја влошат состојбата на пациентите, советува агенцијата.

Доколку правилно се користи, працетамолот е сигурен и ефикасен лек, заклучуваат во ANSM, предупредувајќи дека сепак прекумерната доза може да предизвика сериозни оштетувања на цртниот дроб.

Парацетамолот е меѓу најчесто користените аналгетици во светот, а се продава под различни имиња на брендови, потсетува Reuters.