Франција ја освои Лигата на нациите

Spain and France in Milan, Italy, 10 October 2021. EPA/MATTEO BAZZI

Актуелните светски фудбалски прваци Французите се победници на второто издание од Лигата на нациите, откако во неделата вечерта во Милано во финалето со 2:1 ја совладаа Шпанија.

Франција така стана вториот победник во новот формат на континенталното репрезентативно натпреварување, отако во 2019 година пехарот го освои Португалија.

По големиот пресврт што го направија во дуелот Белгија кога од заостанување од 0:2 стасаа до победата од 3:2, „Триколорите“ и во финалето до победата дојдоа со пресврт. Овојпат надоместувајќи еден гол заостанување, а сите три погодока беа постигнати во второто полувреме.

Во претходно одиграниот дуел за третото место домаќинот на финалниот турнир Италија со во Торино со 2:1 ја победи Белгија.

По првото сиромашно полувреме во кое двете селекции играа внимателно, Шпанците поведоа во 64 минута преку Микел Ојарзабал, а две минути подоцна израмни Карим Бензема, а победничкиот гол го постигна Килијан Мбапе во 80 минута.

И Шпанија и Франција во почетните состави извршија по две измени во однос на полуфиналните мечеви. Кај „Црвената фурија“ шанса добија Ерик Гарсија и Родри наместо Пау Торес и Коке во средниот ред. Кај Французите, пак, во стартниот состав беа Прснел Кимпембе наместо Лукас Ернандез, и Орелиен Тшиамени наемсто Адреан Рабио кој е позитивен на коронавирусот.

Почетокот на дуелот започна жестоко. Веќе во 5 минута Франција имаше одлична шанса кога Бензема по асистенцијата на Пол Погба излезе само пред Симон, го заобиколи но отиде премноги настрана и неговата повратна топка шпанската одбрана ја исчисти. Во 12 минута на спротивната страна се закани Феран Торес, но шутираше директно во Уго Љорис. Но искрите брзо згаснаа и тоа беа единствените два момента вредни за одбележувње во првото полувреме.

Спротвно, вториот дел донесе многу поинтензивен и поинтересен фудбал. Првото големо возбудување се случи во 64 минута кгоа Тео Ернандез шутираше над голот на Симон, Шпанците возвратија со противнапад и водство. Серхио Бускетс одлично го послужи Микел Ојарзабал кој го миниа Дејо Упамекан и со прецизен удар во долниот десен агол го совлада Љорис.

Но радоста на Шпанците траеше многу кусо, само две минути подоцна Бензема израмни со беспрекорен удар погодувајќи од 16 метри во спротивниот горен агол. Во 80 минута Французите го направија презвртот, кога Ернандез додаде до Мбапе кој изелзе само пред противничкиот гол и реализираше за водство. Се чини дека Мбапе беше во недозволена позиција при приемот на топката, за што протестираа и Французите, но ВАР-от не се огласи за офсајд.

Шпанија во самиот финиш беше на милометри од израмнивање, кога во 89 минута повторно шутираше Ојарзабал но Љорис одлично реагираше. Во последните моменти од судиското продолжение на натпреварот, кога и голманот Симон се пресели пред францускиот гол, но Љорис уште еднаш запре тежок удар, овојпат на Пино.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.