Франција бара компензација за откажаната седница на ЕП во Стразбур

Франција очекува брзо враќање на пленарните седници на Европскиот парламент во Стразбур и бара компанзации во форма на дополнителни настани на ниво не Европската унија во овој град, изјави во вторникот францускиот државен секретар за европски работи Клемент Беоне.

Имајќи предвид дека септемвриската пленарна седница, којашто требаше да се одржи во Стразбур, откажана поради пандемијата од коронавирусот, што се случува веќе петти пат, и се одржува во Брисел, францускиот државен секретар порачал во понеделникот дека е решителен „да се борам за враќање на пленарните седници во Стразбур, каде што и припаѓаат, дека ќе се борам на компензации и промовирање на Стразбур како европска престолнија во месеците и годините коишто претстојат“.

Во поглед на можните компензации „разгледуваме различни многу конкретни можности (…) за Европската унија недвосмислено да ја искаже својата приврзаност за својата присутност во Стразбур“, изјав Беоне за новинарите по средбата со префектот на Долна Рајна, Жозијан Шевалје, градоначалничката на Стразбур, Жан Баргесјан, пратници и претставниците на локалните власти.

Без да навлегува во поединости, францускиот државен секретар ја споменал можноста дел од активностите од Конференцијата за иднината на Европа, којашто наскоро треба да започне со работа, да се одржуваат во Страбур, како и преговори за траењето и бројот на пленарните седмици на Европскиот парламент.

Според договорите на ЕУ, седиштето на Европскиот парламент е во Стазбур, каде што се одржуваат 12 пленарни седници во годината и траат до четири дена. Остатокот од времето парламентарците работат во Брисел, што веќе со години предизвикува жестоки дискусии. За промена на ваквата ситуација потребна е согласноста на сите земји членки на ЕУ.

Поборниците на единственото седиште на Европскиот парламент во Брисел ја критикуваат големата финансиска и еколошка цена на месечното преселување на речиси 2.500 луѓе и фактот што големиот комплекс во Стразбур се користи само четири дена во месецот.

Иако зградата на Европскиот парламент во Брисел бара темелно реновирање, седиштето во Стразбур „не е само правна обврска впишана во договорите (…), тоа не е само одбранбена битка и уште помалку само реликт од минатото“, истакнал Беоне.

Градоначланичката на Стразбур, Жан Барсегјан, изразила желба следната пленарна седница, предвидена од 5-ти до 8-ми октомври, да се одржи во нејзиниот град. Тоа би било првпат од февруари.

„Треба да се оди и многу понатака во јакнењето на европската димензија на Стразбур“, изјавила Барсегјан.

„Здравствената ситуација во Белгија не е подобра отколку во Франција и пратениците веќе се движат по своите окрузи по цела Европа“, истакна во новински напис Фредерик Биери, претседателот на советот на департманот Долна Рајна, критикувајќи го „маневарот на противниците на Стразбур кои сакаат да ја искористат ситуацијата трајно седиштето на Еропскиот парламент да биде во Брисел“.

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, на отворањето на пленарната седница во Брисел рече дека им се „заблагодарува на француските власти за разбирањето и континуираната соработка во овие тешки месеци“. „Во името на сите наши членови, топло ги поздравувам градоначалничката и жителите на Стазбур, каде што се надевеме дека насокор ќе се вратиме“, рече.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.