Франција блиску до 300.000, а Британија надмина 200.000 заразени во еден ден

Речиси 300.000 новозаразени со коронавирусот се потврдени во последните 24 часа, соопшти во вторникот министерот за здравство Оливие Веран, додека Велика Британија првпат пријави повеќе од 200.000 нови коронаинфекции во еден ден.

„Француската агенција за јавно здраврсто денеска би можела да објави малку помалку од 300.000 заразени во 24 часа“, изјави Веран во францускиот парламент.

Тоа би бил веројатен рекорд, откако кон крајот на декември беа регистрирани малку повеќе од 230.000 новозаразени на ден.

Во болниците се примени повеќе од 2.000 пациенти во еден ден, според податоците од понеделникот кои ги објави француската Агенција за јавно здравство. Уделот меѓу вакцинираните е поголем од 15 отсто, близу рекордниот показател од есента 2020 година.

Велика Британија, пак, во вторникот забележа првпат повеќе од 200.000 заразени со коронавирусот, што е нов рекорд во периодот кога јакне притисокот врз болниците.

Според податоците кои ги објави владата во последните 24 часа имало 218.724 позитивни тестови на Covid-19. Земјата, којашто е една од најпогодените во пандемијата во Европа, поријави и 48 смртни исходи во последното деноноќие.