Франција донесе закон за вонредна санитарна ситуација

Францускиот парламент во неделата вечерта во Национално собрание (долниот дом) го прифати нацрт-законот кој овозможува воведување „вонредна санитарна состојба“ во траење од два месеца, поради епидемијата од коронавирусот која владее во земјата.

Франција во неделата вечерта имаше 7.240 хоспитализирани и 674 смртни исходи, од кои 112 во последните 24 часа.

Франциските пратеници гласаа за текстот со кревање рака во салата која беше речиси празна од здравствени причини. Нацрт-законот претходно го доби конечното одобрување од Сенатот (горниот дом), исто така, со гласање со кревање на раката.

Вонредната санитарна состојба, со којашто се ограничуваат јавните слободи со мерки како изолација или реквизиција, ќе се воведе на рок од два месеца. Тие почнуваат да течат „со стапувањето на законот во сила“, односно со негово објавување во францукиот Службен весник, што се очекува да се случи многу брзо.

Оваа состојба се укинува со уредба пред истекот на рокот, доколку санитарната/здравствената остојба во земјата се подобри.

Со воведувањето на ворнедната санитарна состојба, овој нацрт-закон ѝ овозможува на француската влада да носи одлуки за низа мерки со кои ќе им помага на компаниите и законски да го уреди одложувањето на вториот круг од локалните избори. Првиот круг се одржа на 15-ти март.